Кумановец возел со 1,52 промили алкохол во крвта

Приведен кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкохол.
На 30.03.2025 околу 01.00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…