Објавено на:

Курти бара Шпанија да го признае Косово: Ние не сме исто што и Каталонија

t

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Шпанија треба да ја признае независноста на неговата држава, затоа што, според него, случаите на Каталонија и на Баските не се исти како случајот на Косово.

Во денешното интервју за мадридски „Ел Паис“, што го пренесуваат медиумите во Приштина, Курти вели дека признавањето на косовската држава би ѝ помогнало на Шпанија да демонстрира дека случаите не се исти, затоа што „Србија изврши геноцид во Косово”.

„Шпанија треба да се согласи и да го признае Косово. Знам дека има одредени поплаки, меѓутоа, како што рече и нашиот голем писател, Исмаил Кадаре кога ја доби наградата ‘Принц на Астурија’, Шпанија не треба никогаш да се споредува со Србија, бидејќи Србија изврши геноцид во Косово. Верувам дека, токму со признавањето на Косово, Шпанија ќе покаже дека Каталонија и Баските се различен случај“, изјави Курти.

Шпанија е една од петте држави членки на ЕУ, заедно со Романија, Словачка, Грција и Кипар, кои не ја признале независноста на Косово, прогласена во 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…