Објавено на:

Курти го нарече Вучиќ „мал Путин“, Селаковиќ одговори со „мал Хитлер“

t

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека пријателите на рускиот претседател Владимир Путин во Србија и Република Српска имаат за цел „да ја намамат Русија на Балканот“, а српскиот претседател Александар Вучиќ го нарече „мал Путин“ и повтори дека Србија е закана за регионот, пренесе „Косев“. На косовскиот премиер му одговори министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, нарекувајќи го „малиот балкански Хитлер“ кој сонува да го освои северот на Косово и да создаде голема Албанија.

„Во време кога целиот демократски свет се огради од Путин, нашиот северен сосед организира митинзи за поддршка на Путин, фалејќи го и оправдувајќи ги неговите злосторства во Украина“, рече Курти во текстот за ситуацијата во Украина и руската инвазија, во кој тој зборуваше за Србија како руски сојузник и закана за безбедноста на регионот.

„На Западен Балкан, Србија останува единствената земја во Европа која одбива да ја санкционира Русија и, како што видовме деновиве, дури е подготвена да го напушти процесот на европска интеграција само за да остане лојален на Путин“, напиша Курти на Фејсбук во неделата вечер.

„Со пријателот на Путин во Република Српска, Босна и Херцеговина и малиот српски Путин, мирот и безбедноста на Западен Балкан никогаш не биле повеќе загрозени“, рече Курти, додавајќи дека се видени „тактики на организирање настани и напади за да се обвини другата страна во регионот“.

„Оние кои веруваат во она што го зборува Белград, кој постојано се вооружува од правец исток-североисток – дека не треба да се сфаќа сериозно бидејќи е за домашна употреба и за изборна кампања, во најдобар случај се наивни. Така беше и со Путин“, додаде Курти.

Тој потсети дека изборите во Србија завршија, а со тоа и предизборната кампања, но и дека официјален Белград нема воведено санкции кон Русија.

Селаковиќ тврди дека Курти не се занимава со ништо друго освен со лаги и провокации.

„Би било добро да застане тука, но кога некој е мал балкански Хитлер, ништо не може да ве изненади од него“, рече Селаковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЃОКОВИЌ НЕМА ДА БИДЕ КАЗНЕТ ЗА НАПИШАНОТО…

Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да се соочи…

Волкановски до Мекрегор: Ајде да се бориме,…

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар…

Кој би можел да стои зад нападите…

Сè уште не е јасно кој стои…

САД СО ДВЕ БАРАЊА ДО КОСОВО: „Повлечете…

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховенир…

ВО ПЕТОК НИ ДОАЃА СПОЕН ВИКЕНД –…

По неколкуте празници во месец мај, ни…