Курти: Изненаден сум од толеранцијата и молкот на меѓународната заедница во однос на „акциите“ на Србија

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е изненаден од толеранцијата и молкот на меѓународната заедница во однос на „акциите“ на Србија, еден ден откако српската полиција приведе тројца припадници на специјалната единица на косовската полиција..
За време на прес-конференцијата, по седницата на Советот за безбедност на Косово, Курти ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград.
„Ја повикуваме меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград и да повика на ослободување на полицајците… Она што не изненадува е толеранцијата и молкот на меѓународната заедница кон дејствија на Србија, која постојано бара дестабилизација“, рече Курти.
Тој додаде дека е изненаден што КФОР не излезе со официјално соопштение за местото каде се случи инцидентот и претстави мапа за која тврди дека апсењето на косовските полицајци „се случило длабоко на територијата на Косово“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…