Објавено на:

Курти: Косово и Албанија имаат братски односи, не ни треба посредник

t

Косовскиот премиер Албин Курти, по денешната заедничка седница на неговата и Владата на Албанија, изјави дека „косовско-албанските односи се братски, поради што немаат потреба од посредништво“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Курти информира дека на денешната седница се потпишани 19 меѓудржавни договори, за кои рече дека се „многукратно повеќе одошто другите договори склучени во регионалните иницијативи“.

На новинарско прашање во врска со иницијативата Отворен Балкан, Курти рече дека денешната седница „не беше регионална, туку билатерална и братска“ и нагласи дека очекува многу наскоро да се продолжи со Берлинскиот процес.

„Многу сме заинтересирани да се обединиме од царински аспект. Несомнено во наредните месеци ќе се зголеми обемот на трговската размена и обостраните инвестирања. Овие 19 договори, меморандуми и протоколи се многукратно повеќе одошто другите договори склучени во регионалните иницијативи. Денеска вест е јакнењето и унапредувањето на нашето заедништво, а не разликите кои ги знаеме“, рече Курти.

Тој се осврна и на информациите објавени во косовските медиуми дека наводно Рама на Преспанскиот форум во Охрид, во разговор со лидерот на Деморатската унија за интеграција, Али Ахмети и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, рекол дека „ќе го урива Курти“.

„Драчкото пристаниште, сувото пристаниште во Приштина, железницата помеѓу, тоа е најбитното прашање за Косово и Албанија, тоа е многу решавачко за еден голем економски замав на нашата нација на Балканот. Поради тоа, нечии коментари, нечии интриги се неспоредливи со тоа што го правиме на овие заеднички седници“, изјави Курти.

Денешната седница во Приштина беше осма по ред заедничка седница на владите на Косово и Албанија. Првата се одржа во јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“. Последната беше одржана во ноември минатата година во албанскиот град Елбасан.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјанин уапсен во Албанија!

Албанското МВР уапсило македонски државјанин во албанското…

Види чудо, Курти експресно го најде “својот…

Пратеникот на Собранието на Србија од Косово,…

Курти: Ако Србија реши да нè нападне,…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека не…

ЕУ го укинува визниот режим за Косово!

Земјите-членки на ЕУ се договорија за заеднички…

Курти: Не е чудно што американскиот амбасадор…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во парламентот…