Курти: Се работи на решавање на прашањето за екстрадиција на осудените за „Монструм„ Исмаиловиќ и Демири

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Северна Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени за случајот „Монструм“.
– На денешниот состанок беа присутни и двајцата наши минитри за правда. Од страна на Северна Македонија беше господинот Игор Филков, а од страна на Република Косово беше Албулена Хаџиу. Тие комуницираат директно меѓу себе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече косовскиот премиер.
Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.
– Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти.
Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти.
Македонскиот премиер беше прашан и за тоа дали се уште се на сила потерниците за поранешните борци на ОНА, како и за отсуството на Иван Стоилковиќ, министер за односи со заедниците, од седницата и неговите ставови за Косово.
-Ние како влада сме го кажале меѓу првите нашиот став за Косово и не треба да дозволиме таа тема некој да ја злоупотребува. Сите овие настани се јасна порака за тоа. Сега ако некој континуирано се обидува од нас, истото ова да го повторуваме мислам дека ќе ја изгубиме суштината. Мислам дека сето ова денеска што се случува овде, претходно во Скопје на самиот почеток на независноста на Косово, што го направи македонската Влада е јасен параметар и показател каков е нашиот став, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…