“Куршум не ја бие” – Димитров: Нападот на бугарскиот клуб нема да влијае на работата на историската комисија

t

Денес и во петок во Скопје се одржува нов состанок на Мешовитата заедничка комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Пред влегувањето во зградата на Министерството за надворешни работи, копретседавачот на Комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров изјави дека „очекувањата им се како и секогаш“.

-На дневен ред ќе биде тоа што беше и на минатите состаноци. Тоа значи дека нема напредок, рече Димитров пред медиумите.

Тој е оптимист за понатамошната работа на Комисијата.

-Инцидентите со клубовите влијаат на односите меѓу земјите, но не и на работата на Комисијата. Тоа е брутален чин на омраза, нема како поинаку да се коментира, изјави копретседавачот на Историската комисија за последните напади на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Денеска се одржува 21-от состанок на Мешовитата историска комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечно виновни: Милков тврди дека Македонија е…

За жал, реакцијата во Република Македонија е…

По реакцијата на Пенушлиски делото „Галичник“ симнато…

На барање на познатиот македонски сликар Илија…

Минималната плата во Бугарија се зголемува на…

И семејствата со деца од второ, трето…

Да негираш очигледен фашизам е фашизам! Да…

Бугарските историчари заклучиле дека владеењето од 1934-44…

Бегаат од вистината како ѓавол од темјан…

Бугарската историска наука одамна, пред повеќе од…