КФОР: Внимателно ги следиме настаните на северот, во близок контакт сме со претставниците на косовските и српските сили

Меѓународната мировна мисија на Косово (КФОР) вечерва соопшти дека внимателно ги следи настаните на северот и дека е во близок контакт со претставници на косовските и српските сили, објави косовскиот онлајн портал, повикувајќи се на приштинските медиуми.
Според порталот Репортер, КФОР не одговорил дали ќе учествува во отстранувањето на барикадите на север.
„КФОР продолжува да биде исклучително буден и целосно способен да го спроведе својот мандат на ОН за да овозможи безбедна средина и слобода на движење за сите заедници кои живеат на Косово. Ова вклучува зголемување на патролите на северот на Косово, во тесна соработка со косовската полиција и ЕУЛЕКС“, соопшти КФОР.
Командата на КФОР посочува дека е во контакт и со безбедносните сили на Србија.
„Командантот на КФОР продолжува да биде во контакт со своите колеги, вклучително и претставници на косовските институции и косовските безбедносни организации, како и со шефот на вооружените сили на Србија“, соопшти КФОР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дејан Георгиевски освои злато за Македонија
Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој од ОИ…
Браќа претепани од пет лица, напаѓачите употребиле…
На 29.03.2025 во СВР Скопје, Д.Х.(22) од…
Трамп: Лут сум на Путин
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе…
Потпретседателот на ССМ: Пратениче Бране, ги опљачкавте…
Иван Пешевски, потпреседател на Сојузот на синдикатите…
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во…
Блокадите во Србија ќе завршат на единствениот…