Лавров: Длабоко сме шокирани од хистеријата на Западот околу Украина

t

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека се длабоко шокирани од хистеријата на Западот околу Украина, пренесува Агенција Анадолија.

Лавров и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во главниот град Москва се сретнаа со бразилскиот министер за надворешни работи, Карлос Алберто Франко и бразилскиот министер за одбрана, Брага Нето.

Франко и Лавров по министерскиот состанок во формат 2 + 2 одржаа заедничка прес-конференција.

Оценувајќи ги изјавите на западните земји дека „не веруваат дека руските воени единици ја завршиле вежбата“, Лавров рече: „Западот мисли дека има право да ни каже како треба да се однесуваме во својата земја. Тоа е недостиг на основна култура. Тоа се гледа во последните повици.“

„Хистеријата на Западот која продолжува околу Украина, покрај тоа што нѐ забавува, длабоко и нѐ шокира“, додаде Лавров.

Лавров истакна дека САД и НАТО понудиле да се консултираат со Русија за секундарните прашања поврзани со безбедноста, и дека тоа е позитивен чекор.

Тој посочи дека се подготвени да разговараат за овие прашања, и рече: „Меѓутоа, овој дијалог нема да значи дека се откажуваме од нашите основни барања. Станува збор за барање начини да се спречи напредувањето на НАТО кон исток и да се обезбеди безбедност на сите евроатлантски земји.“

Шефот на руската дипломатија рече дека западните земји постојано ѝ се закануваат на Русија со санкции, и дека Британија подготвила нацрт-закон со кој се предвидува примена на дополнителни санкции против Русија.

Нагласувајќи дека Русија ќе одговори на ова, Лавров додаде: „Знаеме колку Лондон е навикнат и ја сака улогата на провокатор во односите меѓу Русија и Западот. Се надевам дека другите западни земји се поодговорни и нема да ги поддржат обидите за нов бран санкции. Во секој случај, сигурен сум дека руската Влада и нашиот Парламент нема да бидат рамнодушни на она што сака да го прави Западот.“

„Ја поддржуваме кандидатурата на Бразил за постојано членство во Советот за безбедност на ОН“

Осврнувајќи се на соработката меѓу Русија и Бразил во рамките на Обединетите нации (ОН), Лавров нагласи дека тие ја поддржуваат кандидатурата на Бразил за постојано членство во Советот за безбедност на ОН.

Лавров истакна дека го поддржуваат тоа земјите од Латинска Америка и Карибите да имаат независна улога на меѓународната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како македонски политичари: Русија и Украина меѓусебно…

Киев и Москва денеска повторно меѓусебно се…

Макрон ги потпиша протоколите за влез на…

Францускиот претседател Емануел Макрон ги потпиша протоколите…

Додик: Босна и Херцеговина не побара посебни…

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска…

Кисинџер: САД се на работ на војна…

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер (99)…

Подољак: Преговори со Русија би значеле пораз…

„Денешните преговори со Русија би значеле само…