Објавено на:

Лавров: Западот ни објави хибридна војна – Ја прифаќаме!

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Западот и објавил „тотална хибридна војна“ на Русија и дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае.

„ Целиот западен свет ни објави тотална хибридна војна и тешко е да се предвиди колку ќе трае сето ова, но јасно е дека последиците ќе ги почувствуваат сите без исклучок“, рече Лавров, пренесува „Ројтерс“.

На осумдесет дена од почетокот на конфликтот во Украина, Лавров укажа на санкциите наметнати на Москва и посочи дека напорите на Западот да ја изолира Русија се осудени на неуспех, посочувајќи дека „односите на Русија со Кина, Индија, Алжир и Земјите од Заливот се важни“.

„ Направивме се за да избегнеме директен конфликт, но сега, кога е фрлена ракавицата, ние, се разбира, ќе го прифатиме предизвикот“, рече Лавров, додавајќи дека санкциите не се нови за Русија, бидејќи „тие беа речиси секогаш таму“, на еден или друг начин“, пренесува британската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Постои ризик други земји да бидат…

Постои опасност трети земји да бидат вовлечени…

Лавров: Буча е наместено сценарио како „Рачак“

Кога нешто е во интерес на САД,…

Лавров: Русија ќе продолжи да го поддржува…

Русија ќе продолжи да го поддржува Мали…

Лавров најави визи за непријателските земји меѓу…

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,…