Лавров: Зеленски се обидува да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, се стреми да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО, оцени денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Ако Зеленски е толку вознемирен поради немешањето на НАТО во конфликтот, тоа значи дека тој смета на НАТО во решавањето на ситуацијата“, рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија оцени дека милитаристичката ревност на Зеленски зборува за тоа дека не му требаат преговори со Русија и додаде дека се надева дека тоа ќе се промени.
Според Лавров, украинската делегација постојано бара изговори за одложување на секоја следна рунда преговори со Русија.
„Руските преговарачи чекаат барем некои информации од украинската страна, како и за време на првите две рунди. Ситуацијата изгледа прилично чудна, како сите да се заинтересирани што поскоро да се договори како целосно да се регулира се. Од друга страна, најзаинтересирана треба да биде украинската страна, која постојано бара изговори за одложување на почетокот на новата средба“, рече Лавров и додаде дека Москва се уште не добила рокови за нова рунда преговори со Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…
НАТО има витален ангажман за заштита на…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…