Лавров: Конфликтот ќе биде решен на бојното поле

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа денес дека мировниот план предложен од Украина, како и најновите предлози на Обединетите нации за заживување на договорот за извоз на украинските житарки преку црноморските пристаништа „не се реални“.
Лавров зборуваше по неделата интензивна дипломатија на годишното заседание на светските лидери во седиштето на ОН во Њујорк, каде Украина и нејзините западни сојузници се обидуваат да ја засилат поддршката за Киев.
„Тоа е целосно неизводливо“, кажа Лавров за мировниот план од 10 точки кој го промовира Киев. „Тоа не може да се изведе. Не е реално и сите тоа го сфаќаат, но истовремено велат дека тоа е единствената основа за преговори“.
Кажа дека конфликтот ќе биде решен на бојното поле ако Киев и неговите западни сојузници останат на тој став.
Лавров додаде дека Москва се повлече од црноморскиот договор за жито бидејќи ветувањата дадени на Русија – вклучувајќи го укинувањето на санкциите на руската банка и нејзиното повторно поврзување со глобалниот СВИФТ систем – не се исполнети.
Кажа дека последните предлози на ОН за заживување на извозниот коридор за украинските земјоделски производи „едноставно не се реални“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече…
Во Украина преку 400 населени места останаа…
Украина стравува од нова голема кампања на…
Четворица загинати во несреќа во полски рудник
Четири лица загинаа во рудникот Собиески во…
Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека…
Две маскирани лица го симнале знамето на…
Малолетници со нож ограбиле врсници во Чаир!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца…