Објавено на:

Лавров наместо физички ќе се сврзе дигитално со Белград

t

Рускиот амбасадор во Србија, Александр Боцан-Харченко, го известил претседателот Александар Вучиќ дека се одложува планираната за 6-ти и 7-ми јуни посета на Белград на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој наместо тоа ќе одржи прес-конференција во 13 часот по московско време.

„Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаворв на 6-ти јуни ќе одржи прес-конференција за актуелните меѓународни теми. Настанот ќе се одржи онлајн. Конференцијата за новинарите ќе започне во 13 часот“, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи.

Портпаролката на министерството Марија Захарова, претходно изјави дека земјите членки на ЕУ и на НАТО од соседството на Србија ги затворија своите воздушни простори за прелет на авионот на шефот на руската дипломатија до Белград, и го обвини Западот кој „постојано зборува“ за неопходност од зачувување на комуникациите, дека всушност ги урива сите врски со Москва.

Белградските медиуми во неделата објавија дека Црна Гора им се придружила на Бугарија и на Македонија во намерата во својот воздушен просто да го оневозможат прелетот на авионот со кој Лавров требаше да допатува во Белград.

Како што доцна ноќта во неделата пренесоа српските медиуми, за ваквата ситуација Вучиќ ќе има обраќање во централниот дневник на националната телевизија во 19,30 часот, особено во врска со одлуката на Бугарија, Црна Гора и Македонија да го затворат својот воздушен простор за прелет на авионот со шефот на руската дипломатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…

Врз основа на достапните снимки и фотографии,…

УБИСТВО во Белград: Убиен е 27 годишник,…

Никола Станковиќ (27) е убиениот во пукањето…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…