Објавено на:

Лавров: Обидите да се оправда Зеленски се смешни – Тој сака нуклеарно оружје

t

Украина создава ризици поврзани со употребата на оружје за масовно уништување, за тоа сведочи изјавата на Володимир Зеленски за „превентивен напад“ на НАТО врз Руската Федерација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.


„Секако, не можеме со молчење да ги поминеме оние дискусии кои постојано растат во последно време за можната употреба на нуклеарно оружје, а особено во овој поглед, не можеме со молчење да ги поминеме непромислените акции на режимот во Киев, кои се насочени на создавање ризици од употреба на разни видови оружје за масовно уништување“, рече тој за време на четвртиот состанок на комисијата на Генералниот совет на партијата Единствена Русија за меѓународна соработка и поддршка на сонародниците во странство.


„Вчера, Зеленски ги повика своите западни господари да изведат превентивен нуклеарен напад против Русија, со што во суштина му претстави на целиот свет уште еден доказ за заканите што доаѓаат од режимот во Киев и потребата да се неутрализира што беше започнато со специјална воена операција. “, нагласи Лавров.

Тој додаде дека обидите на портпаролите на Зеленски да тврдат дека тој мислел нешто друго се смешни, бидејќи уште во јануари тој ја објави желбата на Украина да поседува нуклеарно оружје.

Претходно, Зеленски, говорејќи во Институтот Лови во Австралија преку видео-врска, рече дека НАТО треба да изврши „превентивни“ напади врз Руската Федерација, а не „да чека руски нуклеарни напади“. Подоцна, прес-секретарот на Зеленски, Сергеј Никифоров, објасни дека тој не повикува на употреба на нуклеарно оружје против Руската Федерација, туку мислел на превентивни санкции.


Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков, во врска со изјавата на Зеленски, претходно изјави за РИА Новости дека неговите зборови не се ништо друго освен повик за почеток на светска војна, одговорноста за тоа треба да ја сносат САД и Велика Британија, која всушност ги насочува акциите на Киев. Тој исто така истакна дека сите земји во светот треба да внимаваат на зборовите на Зеленски. Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека Западот поттикнува нуклеарна војна, а „марионетскиот и неурамнотежен“ Зеленски „се претвори во чудовиште чии раце можат да ја уништат планетата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан сепак не ја блокирал помошта за…

Унгарските медиуми денес ги негираа шпекулациите дека…

САД: Не ја охрабруваме Украина да напаѓа…

Соединетите Држави не ја опремуваат ниту ја…

Заради прекин во снабдувањето со струја Украина…

Украинското Министерство за здравство соопшти дека побарало…

Нови крвави пакети во две украински амбасади…

Украинските амбасади во Данска и Романија добија…

Блинкен: Целта на помошта од САД е…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, говорејќи за…