Објавено на:

Лавров: Русија не е во војна со НАТО, но НАТО верува дека е во војна со Русија

t

„Не мислиме дека сме во војна со НАТО“, рече тој. „За жал, НАТО верува дека е во војна со Русија“.

Лидерите на Европската унија исто така веруваат дека се во војна со Русија, рече Лавров, пренесе Тасс.

Тој вели дека таквиот развој на настаните ќе го зголеми ризикот од нуклеарна војна, што не може да се дозволи, пренесе РИА. Лавров, исто така, рече дека Русија никому не се заканува со нуклеарна војна, но ги обвини западните земји дека го прават тоа.

Шефот на руската дипломатија за одложувањето на мировните преговори со Украина ја обвини желбата на Киев „постојано да игра игри“, пренесе Би-би-си.

Лавров истакна дека многу функционери, вклучително и оние во Велика Британија, САД, Полска, Франција, Германија и самиот европски министер за надворешни работи Жозеп Борел, постојано порачуваат дека „Путин мора да загуби, а Русија да биде поразена“.

„Според мене, оние кои користат таква терминологија веруваат дека се во војна со оној што сакаат да го поразат“, рече Лавров.

Лавров рече и дека „Молдавија треба да биде загрижена за својата иднина, ги вовлекуваат во НАТО“.

Тој посочи дека клучните руски партнери се согласиле да платат за гас како што бара Москва, откако Русија соопшти дека престанува да испорачува гас на Полска и Бугарија, бидејќи тие одбиле да го платат во рубљи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога: Без закон за конфискација на имот…

Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на…

Лавров: Ако сакате преговори, Киев нека го…

Западот не сака искрено да гледа на…

Лавров се пошегува во Њујорк: Се е…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров,…

Претстојат тешки зимски месеци – предупредува Украина

Украина денеска предупреди дека претстојат тешки зимски…

Тешка сообраќајка кај Визбегово, сообраќајот се пренасочува по…

Страотна сообраќајна незгода во која тешко е…