Објавено на:

Лажен доктор од Македонија со приказна за сообраќајка „олеснил“ пензионери во Загреб и Сплит за 300.000 евра

t

Лажен лекар од Македонија мамел постари луѓе во Хрватска, а на жртви во Загреб и Сплит им однел речиси 300.000 евра, јавија регионалните медиуми.
Полицијата ја завршила кривична истрага против 26-годишниот државјанин на С. Македонија, кого го сомничат за осум кривични дела измама, со кои предизвикал материјална штета од дури 278.850 евра. Тој имал и двајца соучесници, кои засега не се познати.

„Од 9 до 30 април годинава, еден маж, заедно со уште две засега непознати лица – еден маж и една жена – измамиле неколку постари лица во областите на Загреб, Велика Горица и Сплит. Нивната цел била да се стекнат со значителна парична корист“, велат од полицијата.

„Измамниците ги контактирале жртвите по телефон од Романија, лажно претставувајќи се како лекари од загрепските болници, а во еден случај и како лекар од американска болница. На постарите лица им било кажано дека член на нивното најблиско семејство доживеал сериозна сообраќајна несреќа и дека му е потребна итна операција – во некои случаи за да се избегне ампутација. Потоа жртвите биле убедени итно да предадат пари или златен накит за наводен третман. Измамниците им наложиле да ги остават парите пред нивните домови или згради, каде што наскоро се појавувал 26-годишниот осомничен и ги земал вредните предмети“, велат од хрватската полиција.

Измамата е варијанта на онаа која со години се прави во Македонија, а само од почетокот на годинава беа забележани неколку десетици случаи, главно во Куманово и Скопје. Во нашата „верзија“, измамниците им се јавуваат на постари луѓе и им кажуваат дека нивните синови или ќерки направиле сообраќајна несреќа во која загинало дете-мигрант, а парите се потребни за да им се исплатат на родителите на наводно загинатото дете, како и синовите или ќерките да не одат во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен доктор од Македонија со приказна за…

Лажен лекар од Македонија мамел постари луѓе…

Активен е на Твитер, игра тенис, бил…

Новиот папа за себе вели дека е…

На денот на судењето за Фросина, вечерва…

Кај „Сити мол“, денеска околу 18.40 часот…

Родителите на починатите од Кочани ја одбија…

Во врска со телефонската покана од Кабинетот…

(Фото) Мицкоски фотографиран на одмор во Виена

Премиерот Христијан Мицкоски најверојатно е на краток…