Лапнал половина милион денари: Финансиска полиција поднесе кривична пријава против државен службеник во Министерството за животна средина

t

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на службено лице – раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба.

– Раководниот државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање постапил спротивно на член 108 ст.1 и ст.8 од Законот за животна средина, на начин што без да биде извршен увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на барањата согласно законските прописи, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на ЈПДКО Дрисла Скопје, иако истите не поседувале соодветна опрема и инсталации за прием и третирање на 22 шифри на опасен отпад од наведените 36 во издадената дозвола, по што во текот на 2021 година во ЈПДКО Дрисла бил примен и третиран 16.900 килограми опасен отпад од неколку правни субјекти, со што пријавениот сторил и кривично дело Загадување на животната средина и природата согласно член 218 од Кривичниот законик на РСМ, а притоа наведениот правен субјект се стекнал со имотна корист во износ од 455.368 денари, се наведува во денешното соопштение од Управата за финансиска полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик преку Русија се закани дека ќе…

Во хиперпродукцијата на кризите што ги создава…

Таравари: Пет пациенти одат дома, двајца се…

Од вкупно хоспитализираните 21 пациент во Скопје…

Малолетници од Битола со закани принудувале малолетнички…

Двајца малолетници од Битола, неколку пати со…

(Видео) ХАОС ВО ХРВАТСКА: Водата надоаѓа од…

Обилните врнежи продолжуваат да ја зафаќаат пошироката…

Повторно прегазен пешак, овојпат во Маџари!

На 28.03.2025 во 21.35 часот во СВР…