Лебот во Германија може да достигне цена од 10 евра

Војната во Украина доведе до големи зголемувања во сите сектори, а земјоделците во Германија стравуваат за житните култури.
Ако продолжи вака, Здружението на фармери во Германија најави дека лебот наскоро би можел да чини и до 10 евра, пишува Fenix Magazine.
Томас Боде, пекар од германската сојузна покраина Тирингија, за „Фокус онлајн“ изјави дека неодамна морал да ги зголеми цените на своите производи за околу 20 отсто поради зголемените трошоци. Обично, трошоците за производство, вклучувајќи ги и трошоците за работна сила, го сочинуваат најголемиот дел од цената. Сега, според Боде, тоа веќе е променето.
„Трошоците за суровини и енергија сега се на исто ниво со трошоците за производство“, изјави тој за Фокус онлајн.
Сега, за да им овозможи на сите, без разлика на нивната финансиска состојба да купуваат пекарски производи Боде на своите клиенти им нуди леб од претходниот ден по половина цена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германската влада до честитики за Косово и…
Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт посочи…
Германија ќе го апси Путин ако стапне…
Претседателот на Русија ќе биде уапсен доколку…
Кавга на Тик-Ток била причина за ниство…
Две девојчиња на возраст од 12 и…
Германија сака што поскоро да им посака…
Германија сака што поскоро да им посака…
Мнозинството Германци сметаат дека испраќање оружје во…
Мнозинството Германци веруваат дека германското снабдување со…