Левицата во Лајпциг бранејќи свој активист направи хаос

Неколку луѓе беа повредени кога демонстрантите на левицата се судрија со полицијата во Лајпциг во Источна Германија. Демонстрантите искажуваа поддршка на жена активист Лина Е, која беше уапсена откако учествуваше во серија напади врз неонацисти и десничарски екстремисти. Таа неделава беше осудена на подолга затворска казна, откако „Антифа“, кое е политичко движење во Германија составено од повеќе екстремни леви и други левичарски групи, ги повика граѓаните на социјалните мрежи на антифашистички марш наречен „Ден X“.
Во саботата попладне, Уставниот суд во Карлсруе ја отфрли иницијативата на левичарските активистички групи за поништување на одлуката на повисокиот управен суд во Саксонија, кој го забрани протестот поради страв од напади и судири меѓу левичарите и полицијата и закана за јавниот ред и мир.
Според полициското соопштение, во овие судири биле повредени дваесет припадници на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Русија подготвува две големи офанзиви напролет
СветЗеленски: Русија подготвува две големи офанзиви напролетAvatar…
Додик за распишаната меѓународна потерница: Продолжува злоупотребата…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако…
Викендов започнува летното сметање на времето
Викендов ќе започне летното сметање на времето.…
18 годишен битолчанец во бессознание итно пренесен…
На 25.03.2025 во 20.40 часот во СВР…
Вие паразитирате од овој систем и затоа…
Американската држава практично го промовираше принципот на…