Левица бара интерпелација за Африм Гаши поради инцидентот со Вјоса Османи на аеродромот Скопје
Инцидентот што се случи со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Меѓународниот Аеродром Скопје го отсликува системското непочитување на институциите и законите, првично од страна на самиот спикер Африм Гаши, кој нема никаква надлежност да реагира во конкретниот случај. Реакцијата на неговото обезбедување, надвор од своите овластувања, де факто го попречило нормалното функционирање на безбедносните процедури, велат од политичката партија Левица.
„Иако е јасно дека се работи за скандалозно пречекорување на овластувањата, каде се подриваат македонските институции за да се заштити функционер од друга држава – три дена нема никаква најава за одговорност од страна на власта, освен неколку паушални и дипломатски соопштенија.
За бесрамното самоволие на косовската претседателка Османи говори фактот што ова не е нејзин прв меѓународен инцидент. Ваков инцидент Османи предизвикала и со авиокомпаниите „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, при што компаниите не дозволиле авионите да полетаат сѐ додека не се испочитуваат меѓународните воздухопловни стандарди за цивилен соообраќај (и покрај инсистирањето на нејзиното обезбедување).
Реакцијата и протестната нота на косовската влада во најмала рака ги квалификуваме како СРАМНИ кои го штитат самоволието на Вјоса Османи. Виенската конвенција за дипломатски односи е децидна дека ослободени од безбедносен преглед се само официјалните гости на македонската влада, при што операторот на аеродромот добива официјално известување за таквото изземање од Министерството за внатрешни работи. Со тоа што Османи целосно ги заобиколила МВР и МНР и го повикала спикерот Гаши, се потврди дека дел од оваа влада е директно контролирана од КУРТИ.
Очекуваме на најавената средба Мицкоски – Курти, премиерот на македонската влада да застане во одбрана на македонските институции и јасно да го ОСУДИ ваквото скандалозно однесување на претседателката на Косово.
Скандалозно е што МВР објави само соопштение и уште нема одговорност за обезбедувањето на Африм Гаши, кој веднаш мораше да биде санкциониран.
После скандалот со молитвата во Собранието и инцидентот на скопскиот аеродром, Левица е децидна дека Африм Гаши повеќе нема интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и поради тоа ќе поднесе ИНТЕРПЕЛАЦИЈА за негово разрешување.“ велат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…