Левица бара одговорност од МВР и ОЈО за крвавото убиство во Кочани

Политичката партија Левица бара одговорност за хоророт кој се случи во Кочани во кој маж убил жена со 14 убоди од нож.
– За жал, пречесто сме сведоци на фемициди кои се шокантни за целата македонска јавност. Последната трагедија во Кочани открива сериозни проблеми во системот за заштита на жените жртви на насилство и треба да биде предмет на детално истражување и размислување од страна на надлежните органи. Континуирано се случуваат пропусти од институциите кои МОРА да се грижат за жените кои бараат помош.
Сите надлежни лица кои биле одговорни за заштитата на жртвата треба да се истражат и да се донесе соодветно решение. Полицијата и јавното обвинителство треба да работат во соработка за обезбедување на безбедноста на жртвите на семејно насилство со многу посериозен пристап, наместо несериозноста која ја имаат во случаите кога жените во континуитет пријавуваат семејно насилство и да не дозволат да се случат слични трагедии во иднина. МВР и ОЈО мора да престанат да ги штитат НАСИЛНИЦИТЕ!
Прашањата кои се поставени треба да бидат истражени соодветно од страна на надлежните органи и институции. Најважното е да се осигура безбедноста и справедливоста за сите граѓани и да се превенираат вакви грозоморни убиства и насилства во иднина.
Левица бара од надлежните институции, вклучително и од Оливер Спасовски, да одговорат пред јавноста како дошло до убиство на жртвата и покрај сите пријави, и што КОНКРЕТНО ќе презема со цел подобрувањето на системот за заштита на жртвите и превенција на семејно насилството. Бараме да се идентификуваат пропустите, како и одговорност од лицата кои биле должни да постапат! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за десетмина полицајци од ЕБР,…
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…
Обвинителството прави распити, анализи и вештачења од…
Јавните обвинители од тимот кој ја води…
Левица: Продолжува бруталната партизација и поставување кадри…
„Очигледно владата предводена од Мицкоски користи само…
ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ –…
Ограбена е фабрика за одгледување на канабис…
Црвениот крст ги исплати средствата на настраданите…
Црвениот крст изврши исплата на собраните средства…