Левица: Ветените субвенции не се исплатени, затоа има млечна криза

t

„Млечната криза, која се рефлектира со екстремно високи цени на млекото и млечните производи во малопродажба, но и со нивен недостаток на рафтовите, е директна одговорност на пробугарската влада на СДС – ДУИ и министерот за земјоделство Љупчо Николовски“’, смета Левица и нагласува дека ветените субвенции до ден денес не се исплатени.

„Министерот Николовски уште во јуни изјави дека со ребалансот на буџетот ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции, за млекарите навреме да си обезбедат сточна храна. Субвенциите до денес сѐ уште не се исплатени.

Две години фармерите преживуваат без субвенции, со зголемени инпути на производството, додека млекарниците им го откупуваат по нерентабилна цена од 23 денари за литро свежо млеко.

Левица дава целосна поддршка на фармерите во нивните барања, и посочуваме дека единствен виновник за намалувањето на сточниот фонд во државата и кризата со млеко е владата на СДС – ДУИ“, пишува во соопштението.

Од Левица додаваат дека наместо власта да се занимаваат со решавање на проблеми кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните, „одбраа да слугуваат на странските интереси и да ги спроведуваат нивните агенди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…

Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…

Падна Gmail, корисниците пријавуваат повеќе проблеми со…

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со апликацијата…

Руското разузнавање знаело за украинскиот напад две…

Руското разузнавање знаело за претстојната инвазија на…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Русија предупредува на обид за дестабилизација на…

Министерството за надворешни работи на Русија издаде…