Левица во Собранието поднесе предлог Резолуција за забрана на глорификација и рехабилитација на фашизмот и нацизмот

Политичката партија Левица во македонското Собрание поднесе предлог-резолуција со која се забранува секаков вид на глорификација и рехабилитација на фашизам и нацизам.
„Свесни за ужасите од Втората светска војна, потсетуваме на злоделата, ѕверствата, репресијата и ужасниот терор на кој беше изложен македонскиот народ од страна на бугарските (врховистички) и албанските (балистички) окупатори, кои како соработници на нацистичка Германија и фашистичка Италија, меѓусебно ја поделија територијата на Македонија и го поробија македонскиот народ, извршувајќи бројни злосторства врз него. Негирањето на македонската антифашистичката борба, НОБ и оспорување на антифашистичкото минато на македонскиот народ, Собранието на Република Македонија да го цени како [нео]фашистички и шовинистички чин, кој исклучително го нарушува националниот интерес на Република Македонија, и истиот го смета за обид да се рехабилитираат фашистичките окупаторски идеи од пред и за време на Втората светска војна“, бараат од Левица.
Тие ги повикаа и сите релевантни академски и научно-образовни институции и поединците кои работат во нив (МАНУ, Институтот за национална историја, Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, универзитетите и факултети), здруженијата на борци на НОБ, како и медиумите, невладините организации и останатите јавни личности, да се вклучат во борбата против рехабилитацијата и промоцијата на фашистичките и нацистичките идеи и идеологии.
Велат дека оваа Предлог-резолуција е во склоп на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот, кој се одбележа синоќа, на 9 мај.
Ваква резолуција е на сила во многу држави ширум светот. Во 2017 година Обединетите нации исто така усвоија ваква резолуција откако мнозинството на земји гласаа „за“, додека само 3 беа „против“ и тоа САД, Украина и Палау.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев бара одложување на лидерската средба! Утре…
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на…
(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…
Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…
Левица: Касами повика на рушење на уставниот…
Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…
Левица: Македонските власти ја премолчуваат бугаризацијата на…
Власта во Македонија ја премолчува бугаризацијата на…
Левица бара протестна нота од Османи до…
Претседавачот во заминување на ОБСЕ Бујар Османи,…