Левица: Во 19:00 часот се гледаме пред Влада – па до Министерството на Бујар Османи!

t

,,СОГРАЃАНИ, ПАТРИОТИ, МАКЕДОНЦИ – ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ПРОДОЛЖУВААТ СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ!
Левица денес излегува веќе четврти ден на протести, борејќи се протви негирачката европска и бугарска политика кон македонскиот идентитет. Револтот од нивниот игнорантскиот однос кон македонскиот народ сѐ повеќе расте. Народот врие и тоа го покажа вчера на протестот, со пробивање на оградата пред Владата, сѐ до самата порта на влезот. Народот сака да биде ислушан и послушан, бидејќи се работи за Македонија.
Денес од Владата изјавија дека нема да брзаат со усвојување на документот, бидејќи консултациите сѐ уште траат и не се исцрпени, иако првичните информации беа дека денес (вторник) ќе биде усвоен од Владата. Ова успорување на текот на настаните е директен резултат на народниот отпор на улиците, секојдневно изминативе денови. Но отпорот мора да продолжи, не смее да го дозволиме обезличувањето на македонскиот идентитет и јазик.
Овие се нашите денови, ова е товарот на нашата генерација, ова е аманетот на нашите предци!

Дојдете и денес, дојдете заедно да го издржиме товарот кој историјата одбрала ние да го носиме, а потоа гордо да се кренеме, да ја исправиме главата горе и порачаме НИЕ ДРУГА ТАТКОВИНА НЕМАМЕ!
Ние пишуваме историја драги сограѓани и дали ќе нѐ паметат како херои на нашето време или предавници кои ги предале коските на славните илинденци и асномци, од нас самите зависи!
Во 19:00 часот се гледаме од Влада – па до Министерството на Бујар Османи!” , велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…