Левица донираше еден тон стара хартија за изработка на учебник на брајово писмо

t

Левица донираше еден тон стара хартија за изработка на учебник на брајово писмо, информираат од партијата преку објава на Фејсбук.

– Левица донираше еден тон стара хартија за изработка на учебник со брајово писмо наменет за децата со оштетен вид, ученици во училиштето „Димитар Влахов” во Скопје.

Социјалниот сектор на Левица, во координација со скопските локални ограноци на Левица, се приклучи кон акцијата за собирање на стара хартија организирана од училиштето.

За една недела, колку што траеше акцијата за собирање хартија, членови и симпатизери на Левица донираа стара хартија при што е собрано повеќе од еден тон стара хартија.Хартијата денес беше доставена до училиштето „Димитар Влахов“.

Се надеваме дека со нашето учество допринесовме за поголема успешност на акцијата и дека наскоро овие дечиња ќе можат да му се радуваат и да учат од новиот учебник – напишаа од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица ги подбра Мицкоски и СДСМ:…

Политичката партија Левица објави кратко видео на…

(Видео) Левица оди кон 15 пратеници и…

Левица оди кон петнаесет пратеници и ќе…

Левица бара МНР да го осуди нападот…

„Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва…

Гоце е сè уште жив меѓу нас…

Денес, официјална делегација на Левица, составена од…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…