Левица: Лихвобанкарите од 2010 година досега оствариле над милијарда евра профит, СДС и ДПМНЕ сплотени во нивна одбрана

t

Додека банките бележат рекордни профити СДС и ДПМНЕ се сплотени во нивна одбрана, реагираат од економскиот сектор на полтичката партија Левица.

– Нерамномерната распределба на доходот е сè поприсутна во реалниот сектор. Додека се уништуваат малите и микро бизниси, банкарскиот сектор плива во ликвидност. Овој тренд започна уште во 2008 година со квантитативното олеснување, за да кулминира последнава деценија. Банките не ја чувствуваат економската криза, напротив, во голем дел се нејзини генератори.

Покрај несопирливиот раст на цените, несопирлив е и растот на профитите во банкарскиот сектор. Нето добивките кај големите банки во 2021 година се речиси пет пати поголеми од 2013 година. Оваа година банките ќе се надминат себеси. Заклучно со третиот квартал, профитите им се речиси идентични со минатогодишните остварувања.

Лихвобанкарите од 2010 година досега оствариле над милијарда евра профит, а од провизии и надоместоци заработиле 912,5 милиони евра. Обврските кон државата се минимални, плаќаат данок на личен доход и данок на добивка. Стапката изнесува 10% како и кај другите претпријатија кои се борат со ликвидноста и плаќаат плус данок на додадена вредност.

Сè поевидентно е дека профитите на банките ќе растат и во иднина, посебно со најавените зголемувања на провизиите и надоместоците. Единствената надеж да се спречи „ситниот“ грабеж на граѓаните од страна на банките преку провизиите и надоместоците, беше предложениот Закон за дополнување на Законот за платниот промет по скратена постапка, поднесен од пратениците на Левица. Антипровизискиот закон е одбиен, благодарение на пратениците од СДСМ кои гласаа против, а најголемата опозициска партија бледо преќутува на ситуацијата, со што ќе им овозможат на банките и понатаму да се богатат врз грбот на граѓаните. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица бара МНР да го осуди нападот…

„Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва…

Гоце е сè уште жив меѓу нас…

Денес, официјална делегација на Левица, составена од…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…

Најбогатите 1% стекнаа речиси двојно повеќе богатство…

Објава на Окшам интернешнал – 16 јануари 2023 година…

Левица ќе излезе на протест доколку се…

Провокациите од бугарска страна не престануваат! Најнова…