Левица: Наставниците и сега ни држат лекција – поддршка од партијата за штрајкот

t

Додека СДСМ беше во опозиција, тогашната пратеничка на СДСМ и доскорешна министерка за образование, Мила Царовска, тврдеше дека со опструкциите на правото на штрајк на просветните работници, се гази Уставот и правата на работниците, според Конвенцијата на Меѓународната организација за труд.

Ова сведочи за лицемерието, манипулациите и уцените и на сегашната власт на чело со СДСМ како и за лицемерието, манипулациите и уцените на денешната опозиција, тогашна власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Власта, во нејзиното познато владеење на хибриден режим, се закани со неисплаќање на плати, бидејќи наводно, така било предвидено со Законите за основно и средно образование, ЗРО и Колективниот договор.

Ваквото дрско и селективно читање на законите е сосема вообичаено за недемократската влада, затоа што наставниците ништо не бараат, туку токму тоа: почитување на Колективниот договор. Истиот тој, кој над деценија, се крши од грбот на воспитно-просветните работници!

На воспитувачите и на наставниците одамна им е јасно што се случува и како се поткопува образовниот систем, со цел дополнително класно раслојување и продлабочување на социјалниот јаз во ова до темел гнило општество, а веќе им станува јасно и на родителите. Никаде во светот не постои квалитетно образование без квалитетно вреднување на трудот.

Нашите деца заслужуваат многу повеќе и подобро од тоа што до денес го сервираат политичките кујни на безочните трговци кои во континуитет, со измами и манипулации ја узурпираат власта со единствена цел истата да биде инструмент за нивно богатење и за дополнително урнисување на работничката класа.

Образованието е мостот по кој работникот мора да помине за да се издигне во социјалниот дијалог како рамноправен соговорник. Затоа го поткопуваат, го минираат и уриваат.

Левица ги поддржува просветарите во нивната борба. Издржете, Вие и сега држите час!

Политичка партија Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов протест пред Влада за случајот „Онкологија“

Во понеделник во 18:00 часот ќе се…

Во регионот на Доњецк воведен полициски час

Претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР),…

Рускиот опозициски лидер поминал три недели на…

Рускиот опозициски политичар Владимир Кара-Мурза, осуден на…

Се огласи и КФОР – Подготвени сме…

Мисијата КФОР денеска соопшти дека продолжува внимателно…

Хасани: Албанија е покрај Косово во овие…

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи,…