„Левица“ на прослава во Москва и на средба со Комунистичката партија на Руската Федерација

Членови на „Левица“ ја посетија руската престолнина Москва и учествуваа на прославата за 100-годишнината од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз.
Од партијата на Твитер објавија фотографии и напишаа дека двајца нивни претставници биле на прославата на Црвениот плоштад.
-По повод 100 години од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз, членот на Президиумот, Реџеп Исмаил и координаторот на Сектор – Надворешна политика, Александар Симонов, учествуваа на централната прослава организирана од Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) на Црвениот плоштад во Москва, напишаа на Твитер од Левица.
Од „Левица“ соопштија и дека нивните претставници имале средба со раководството на Комунистичката партија на Руската Федерација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот нека…
Членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј…
Груевски со детали за преговорите со Бугарија:…
Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Од секогаш…
Грковска-Ескобар: Република Македонија е на правиот пат…
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за…
Борел вели: Најлесен начин да се стави…
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска…
Зајкова го критикува Тупанчески: Реформите не се…
Зајкова го критикува Тупанчески.. „Реформите во правосудниот…