Левица: Оставка од Спасовски и Османи заради сценирање насилство

t

Политичката партија Левица повторно ги повика граѓаните да излезат вечерва на протест против францускиот предлог.

„Во теков на вчерашниот ден, повторно се потврди дека министерот Оливер Спасовски е дел од сценариoто за предизвикување насилство, целосно потфрлајќи соодветно да ја обезбеди критичната точка кај Мавровка. Иако и пред два дена имаше инциденти на оваа точка и министерот мораше соодветно да ја обезбеди локацијата, тој дозволи да биде загрозена безбедноста на илјадниците граѓани кои мирно маршираа.

Дополнително, министерот Спасовски мора да одговори пред јавноста дали дел од лицата кои пукаа на демонстрантите се лица вработени во МВР?
Сомнежите дека се работи за испланирано црно сценарио на власта ја потврдува и најавата на министерот Османи за етнички тензии, доколку не помине предлогот за бугаризација на Македонија.

Поради сцените од прекумерна употреба на сила против цивилите, кои не беа дел од лицата со фантомки, Спасовски мораше уште пред два дена да поднесе оставка.

Вчера бевме сведоци дека огромната маса народ не подлегна на провокациите, монтирани од власта, и продолжи достоинствено да протестира против нивните врховистички политики.

Нема да дозволиме нашите учебници и историја да бидат пишувани од оние кои системски работат да нè асимилираат.

Нема да дозволиме цензура на неофашизмот на Бугарија под изговор за говор на омраза.

Бугарија нема ниту морално, ниту историско право да поставува барања кон македонскиот народ – напротив, антифашистичката борба е гордоста на Македонија.

Нема да дозволиме да бидат избришани темелите на АСНОМ и жртвите на нашите предци.

Ве повикуваме вечер, во што поголем број, да им порачаме на квислинзите на власт – АСНОМ ЖИВЕЕ“, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпански весник: Меси се враќа во Барселона?!

Шпанскиот спортски дневен весник „Diario sport“ пишува…

Вардар поразен од Целје: Струшкиот турнир има…

Струшкиот ракометен турнир кој летово се одржува…

Стејт департментот тајно го предупредил Конгресот за…

Стејт департментот тајно го предупреди американскиот Конгрес…

Утре е Преображение Господово: Ова се народните…

Православна црква и нејзините верници утре го…

Кина забрзано купува злато: Увозот најголем во…

Кина забрзано купува злато. Кина купила повеќе…