Левица: Повикуваме на итен прекин на преговорите со Бугарија

t

„Повторно повикуваме на итен прекин на преговорите со Бугарија и апелираме и останатите парламентарни партии да излезат со ваков став – во спротивно, ќе бидат директни учесници во уште едно национално предавство. Доколку Европската Унија не може да го прифати македонскиот народ, јазик, држава и култура – такви какви што се, тогаш дојдено е времето за нова надворешно-политичка алтернатива“, се вели во соопштението на Левица по објавувањето на детали од францускиот предлог за кревање на бугарското вето кон Македонија.

Две години Левица потенцира за опасноста од преговорите со Бугарија и прекин на истиот. Владата на СДСМ и ДУИ е спремна да изврши уште едно национално предавство, велат од Левица и додаваат дека иако е јасно дека и Министерството за надворешни работи има учествувано во подготовка на нацрт-предлогот на ЕУ, министерот Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски одбиваат да заземат став и продолжуваат со рушење на македонската држава.

„Од новиот предлог на Европската унија, јасно е дека се наметнати нови (не)европски барања, кои го загрозуваат правото на самоопределување на македонскиот народ и ја деградираат македонската државност.

Од Македонија се бара уште една нова присилна промена на Уставот, со што се врши мешање во внатрешните работи на Републиката и се загрозува сувереноста на македонската држава. ЕУ, иако хиерархиски е далеку пониска од ООН, преку Бугарија го оспорува постоењето на македонскиот јазик, кој е признаен, и бара договор помеѓу Македонија и Бугарија за “дообјаснување” на македонскиот јазик за целите на ЕУ.

Преседан е во целото постоење на Евроската Унија билатерален спор да влегува во преговарачка рамка. Иако Албанија и Грција имаат билатерален спор кој трае со децении, никогаш овие држави не биле уценети со перфидни методи, како што тоа му се прави на македонскиот народ.

Понатака, ЕУ констатираше говор на омраза, без да потенцира дека се работи за Република Бугарија, но не констатираше проблем, односно провокација во отварањето на Културен центар именуван по фашист, со што дополнително ја одобри оваа национал-шовинистичка нарација. Во предлог-заклучокот ЕУ констатира дека дека Македонија треба да ги напредне правата на етничките заедници, додека бугарскиот Устав не признава никакви етнички заедници.

Доколку се земе во превид методологијата за пристапување, предложена од Франција, со која се овозможува и веќе затворените поглавја одново да се отворат, Бугарија во целиот процес ќе има неограничена можност да го искористи правото на вето“, се вели во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Умри кремљски стаорец”: Десетина Руси протестираа против…

Десетина Руси се приклучија на протестите против…

Ковачевски од ОН: Русија да се повлече…

Се наоѓаме пред голем предизвик, не очекува…

Поранешен војник на УЧК се буни: Сопругата…

Шабан Лимани, поранешен војник во три војни…

Ковачевски повтори: И покрај сите потешкотии ЕУ…

Граѓаните на Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи…

Милевски по денешниот пораз: Горд сум како…

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски,…