Левица поднесе кривична пријава против Началникот Бенито Јошевски и инспекторот Никола Марковски од СВР Битола

t

Левица поднесе кривична пријава против Началникот Бенито Јошевски и инспекторот Никола Марковски од СВР Битола поради инцидентите од Мечкин камен, кога полициските и параполициските структури на СДС малтетираа обични граѓани. Преку Уставно гарантираните права на ‘слобода на мисла’ и јавно изразување на мислата, како и правото на мирен собир и изразување протест, целта беше спротиставување на политиките на пробугарската СДС, кои го рехабилитират бугарскиот фашизам и врховизам. Јошевски и Марковски, насилнички им ги одзедоа транспарентите на активистите на Левица и со тоа извршија кривично дело “Повреда на рамноправноста на граѓаните” по член 137, ст. 2 од Кривичниот законик.

На транспарентите пишуваше: Стоп за бугаризацијата; и Предавници фашисти, клети врховисти. Режимот ги демонстрира своите авторитарни и анти-македонски одлики и за исполнување на фашистички цели истапува и вон законите. На територијата на државата непрестајно никнуваат здруженија со имиња на фашистички државници и сродни соработници, токму за остварувањето на неофашистичката агенда. Во име на МВР, Оливер Спасовски, јавно изјави дека за инцидентите не може да се постапи додека нема пријава. Затоа, очекуваме институциите да постапат согласно законите и оваа кривичната пријава да биде процесуирана. Јасно е дека народот живее под тиранијата на авторитарен режим, инструментите во рацете на власта вонзаконски се користат на штета на народот и за да опстои, режимот на СДС и ДУИ ја уништува правната држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…