Левица: Приватизација на “Чебрен” е национално предавство

t

Приватизација на “Чебрен” е национално предавство, велат од политичката партија Левица откако Владата објави дека грчка компанија ќе го добие овој стратешки проект.

– Одлуката на Владата за грчка компанија да го добие стратешкиот проект Чебрен е поразителна и штетна за целокупата енергетска независност на Македонија! Локацијата која се дава на странски инвеститор е последната сериозна позиција за изградба на рентабилна хидроцентрала и истата е од суштинско значење за Електроенергетскиот систем на државата.

Во време на енергетска криза, отуѓување на секој потенцијал за државно производство на електрична енергија е дело против државноста и самостојноста на Македонија. Ваквата Одлука на Владата значи дека електричната енергија која ќе биде произведена во Македонија со домашни ресурси ние повторно ќе треба да ја купуваме на берза.

Оваа природна „батерија“ ќе го закрепне целокупниот систем, ќе го намали притисокот врз термоцентралите и ќе ги балансира вишоците од дневното производство на фотоволтиците. Заради овие причини овој капацитет мора да биде во 100% сопственост на Републиката, а не само 33%.

Ваквата катастрофална енергетска политика, каде бенефитот го има грчкиот капитал, е продолжување на политиките на Заев и АНЃУШЕВ. Потсетуваме дека бившиот вицепремиер Кочо Анѓушев, ја продаде својата компанија ЕДС, формирана со капитал од 5 илјади евра, на државната грчка енергетска компанија за 4.8 милиони евра, под сомнителни околности, со оглед на тоа дека грчкото електростопанство во време на купродажбата беше во банкрот.

Од тука, се поставува прашањето – чии ИНТЕРЕСИ се штитат со приватизацијата на Чебрен од страна на грчка компанија?!

Владата на Ковачевски, во услови на енергетска криза, наместо да инвестира во енергетски капацитети, истата упорно ги распродава националните ресурси на странски компании, чиј профит ќе завршува во нивните стопанства. Ако ваквиот недржавнички чин на СДСМ се имплементира, дефинитивно ќе ја изгубиме и онака кревката енергетска стабилност, а со тоа и целокупната независност како држава. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Апасиев бара одложување на лидерската средба! Утре…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на…

(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…

Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Левица: Македонските власти ја премолчуваат бугаризацијата на…

Власта во Македонија ја премолчува бугаризацијата на…