Левица расте: Апасиев отвори нова канцеларија на партијата во Кочани!

Кочани уште на локалните избори ја прифати црвената боја избирајќи член на Левица во Советот на Општината, денес повторно блесна во црвено. ВЕЧЕРВА ОФИЦИЈАЛНО Е ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЛЕВИЦА ЗА ЛОКАЛНИОТ ОГРАНОК ВО КОЧАНИ.
На отворањето беа присутни претседателот на партијата, Димитар Апасиев, пратеникот од ИЕ бр.3, Борислав Крмов како и други членови и симпатизери. На настанот присутствуваа и граѓаните на општината кои имаа можност одблиску да се запознаат со платформата, визијата и стратегијата на Левица, како единствена идеолошка, работничка и класно-ориентирана партија.
Отворањето беше проследено од сите локални медиуми во општина Кочани.
Заинтересираните граѓани ќе може лично да ги споделат своите проблеми, забелешки и сугестии со членовите на Левица секоја среда од 17 до 19 часот.
Низ слики, дел од атмосферата од денешното отворање на новата канцеларија на Левица во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пулс“ била во полициските архиви уште од…
Во полициские архиви уште во ноември 2022-ра…
Нилсен: Дозволете ми да бидам јасен, САД…
САД нема да го добијат Гренланд, изјави…
Деканката од Ниш излезе од болница: Претседателот…
Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во…
Постојат начини да се кандидирам за трет…
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интервју…
Протести низ Србија за поддршка на деканката…
Вечерва во Ниш собир за поддршка на…