Левица: Слободата на Груби е колективен договор на политичките елити

t

Слободата на Груби е колективен договор на политичките елити, реагираат од Левица.

– Зад завесите на театарот за бегството на Груби се крие колективен договор на политичките елити. Случајот станува заташкан, помеѓу меѓусебните обвинувања на некогашните коалициски партнери на ДУИ. Но, оградувањето од одговорност, нема да ја врати довербата во институциите, туку напротив таа рудиментира.

Неисправни камери, заслабена гранична контрола, пропуст на контролниот полициски пункт, не се изговори на надлежните, туку алатки, преку кои власта овозможила бегството да се реализира. Следејќи го развојот на настаните, се поизвесно е како случајот се затвора на ниво на политички обвинувања, каде со цел замачкување очи на јавноста, партиските послушници од последен ешалон, ги чека соочување со дисциплински мерки или симболична казна.

Државните институции уште еднаш се покажа како лојален соработник на криминалците од политичката елита. На случајот му предничеше најава од извршната власт. Дипломатската логистика служела како транспорт, полицијата била нем посматрач, граничниот премин функционирал со врзани очи, а потерница е распишана неколку дена по реализацијата на „бегството“. Наместо гонење, државните институции стимулираат организиран криминал.

Левица бара одговорност за целиот случај, не само за граничарите и полициската контрола, туку и за политичката врхушка, којашто го организирала целиот случај! Дополнително, покрај распишаната потерница, инсистираме да се побара ЕКСТРАДАЦИЈА за Груби до Косово, бидејќи тие не се земја членка на Интерпол и за нив меѓународната потерница не е обврзувачка. Останувањето на уште еден криминалец на слобода, ќе значи дека законот важи само за обичниот човек, но не и за политичката елита. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…

Психијатриската болница во Демир Хисар со години…

Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…

Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…

Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…

Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…

(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство…

Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување…

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН…

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев поднесе писмено…