Левица удри по Муцунски: Излажа за таблетите за секој ученик

t

Од општинската организација на Левица во Аеродром реагираат дека градоначалникот Тимчо Муцунски не ги обезбедил ветените таблети за сите ученици.

– УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЈА ПОЧНАА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА БЕЗ ВЕТЕНИТЕ ТАБЛЕТИ

Иако беше ветувано од страна на градоначалникот Тимчо Муцунски во изборната кампања, дека ќе има таблет за секое дете, ништо од тоа не се оствари. Учениците и оваа учебна година ја почнаа без таблетите ветувани од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси низ сите основни училишта во општината нема доволен број на компјутери/таблети, па децата учат групно на еден компјутер, при што се губи квалитетот на наставата.

Советничката група на Левица – Аеродром ќе поднесе иницијатива до Советот на Општина Аеродром со цел набавка на таблети за секој ученик – квалитетно образование на најмладите е влог во нашата иднина!

#ЛевицаОдСоветите, пишуваат од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица вели власта е лицемерна кон лицата…

Левица ја обвинува власта за лицемерие кон…

Траги-комедија – СДСМ: Граѓаните нема да дозволат…

Левица, со својот опасен популизам, антиНАТО и…

Левица отвори нова канцеларија во Крушево

ОРГАНИЗАЦИЈАТА РАСТЕ - ЛЕВИЦА ОТВОРИ НОВА КАНЦЕЛАРИЈА…

(Видео) Апасиев: Секој ден со СДСМ на…

Секој ден поминат со СДС е неповратна…

Левица: Нема класно без национално ослободување!

Нема класно без национално ослободување порачаа од…