Легенда на Украина со порака за Мудрик и другарите: Македонија не смее да ви е проблем!

Бившиот ураински репрезентативец од 90-те години, Андреј Полунин, поранешен фудбалер на германските Нирнберг, Сент Паули и РВ Есен им порача на актуелните репрезентативци на Украина предводени од најскапиот Михајло Мудрик дека двете претстојни евроквалификациски мечеви со Македонија во петок, па со Малта во понеделник – не смее да им бидат проблем.
Новиот селектор на Украина, Сергеј Ребров тргна со реми 3-3 против Германија во Бремен пред два дена, како загревање пред доаѓањето на пресметката со Македонија во 2групата на смртта“ во која Украинците во март загубија од Англија со 0-2, а Македонија ја победи Малта со 2-1 во првите мечеви во новиот евроквалификациски циклус за пласман на Еуро 2024 во Германија.
„Јасно е дека Ребров нема волшебно стапче и веднаш сѐ да биде магично и од него очекуваме само внимателно да ги проучи противниците и да ја избере вистинската тактика, а сѐ потоа на теренот е на играчите. И за нив мислам и убеден сум дека Малта и Македонија не треба и не смее да бидат проблем за да се победи. Тоа што не играат Зинченко и Јаремчук, нема да биде некое сериозно ослабнување на тимот, Ребров има доволен избор на фудбалери и само ќе треба да се избере најдоброто“, вели Полунин.
Тој посочува дека силно верува во новиот селектор Ребров, од причина како што вели, секаде каде што работел има успеси.
„Ребров веќе покажа дека може да донесе максимални резултати, од Динамо Киев, Ференцварош, па сѐ до Ал Аин како негов последен клуб, така да очекувам дека брзо ќе создаде вистинска репрезентација, иако ќе повторам нема волшебно стапче за тоа веднаш да се случи во првите мечеви“, додаде Полунин.
Украина денеска попладне ќе допатува од Бремен во Скопје откако утринава ќе има тренинг и по ручекот заминува со чартер, а во четврток од 18 часот е закажан официјалниот тренинг на Арената „Тодор Проески“ како последна подготовка пред мечот во петок од 20.45 часот. Украинците ќе бидат сместени во хотелот „Александар Палас“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…