Лидерот на Ал Каеда: Америка е одговорна за војната во Украина

Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, за кого подолго време се сметаше дека е убиен, а од пред еден месец повторно се појави во јавноста, денеска ги обвини САД за војната во Украина, јави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.
Во реткото обраќање по повод 11-годишнината од ликвидацијата на Осама бин Ладен, Ал Завахири кажа дека „слабоста на САД“ е причината поради која Украина станала „лесен плен“.
Повикувајќи на единство меѓу муслиманите, тој рече дека САД „слабеат“ и дека нивната моќ опаѓа, а причина за тоа, како што наведе, е влијанието на војните во Ирак и Авганистан, што почнаа по терористички напади на 11 септември. Бин Ладен беше организатор и финансиерот што стоеше зад овие напади.
„Еве каде се (САД) по поразите во Ирак и Авганистан, по економските катастрофи предизвикани од инвазиите поврзани со 11 септември, по пандемијата на коронавирусот и откако ја оставија својата сојузничка Украина како плен на Русите“, рече 70-годишниот лекар од Египет во обраќањето.
Специјалци на американската војска го убија Бин Ладен во 2011 година во неговото скривалиште во Пакистан. Никој не знае каде се крие Ал Завахири, а ФБИ нуди награда од 25 милиони долари за информација која би довело до негово апсење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од Белата куќа: Не се…
Белата куќа не се меша во ситуацијата…
Вотерс: Западот прави богатство од војната, ќе…
Украинците можат да престанат да умираат утре…
(Фото) “Вагнер” јавно бараат платеници за војната…
Во рускиот град Екатеринбург се поставени неколку…
Украина: Опасноста од катастрофа во Запорожје секојдневно…
Опасноста за нуклеарната централа Запорожје, на југот…
“Глобал Тајмс”: Европа нема да ги жртвува…
Европа ги трпи последиците од украинската криза…