Објавено на:

Лидер на руска партија предложи Калининград да биде преименува според претседателот Путин во Владибалтиск

t

Лидерот на руската политичка партија Праведна Русија За вистината, Сергеј Миронов предложи Калининград, центарот на руската ексклава межу Литванија и Полска, да биде преименуван во Владибалтиск.

Можеби дојде време да се размисли за преименување на Калининград согласно со современата реалност и домашната традиција. На пример, Владибалтиск и соодветно, Балтичка територија – истакна Миронов, јавија руски медиуми.

Владибалтиск е комбинација од името на рускиот претседател, Владимир Путин, со тоа на градот што требало да го има по 1946 година.

Според Миронов, стратешки, регионот е многу важен за Русија.

Од ова име веднаш станува јасно дека се работи за истурена станица на најзападната граница на нашата татковина, што се простира од Тихиот Океан до Балтикот. Но, се разбира, за тоа треба да одлучат жителите на регионот – додаде Миронов.

Калининград е седиште на руската Балтичка флота и генерално се работи за високо милитаризирана зона каде, покрај десетици илјади војници и морнари од Балтичката флота, се наоѓаат и балистичките ракети Искандер, што може да носат нуклеарни боеви глави.

Градот подпадна под руска власт по победата над нацистичка Германија на крајот од Втората светска војна. Претходно, историскиот германски град се викаше Конигсберг и имаше мнозинство германско население.

Во 1946 година, градот требало да биде преименуван во Балтик, но, на крај го добил името Калининград во чест на истакнатиот болшевички и советски лик, Михаил Калининград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…

Централната банка на Русија почнува со етапно…

Централната банка на Русија откри дека започнала…

Македонија не е меѓу нив – Путин:…

Русија високо ги цени своите сојузници и…

На раб на катастофа: Експлозии одекнаа во…

Неколку експлозии одекнаа во близина на нуклеарната…

Захарова: На САД не им успеа да…

Плановите на САД да ја изолираат Русија…