Ликвидација вечерва во кафуле во Будва – убиен е еден од водачите на Шкаљарскиот клан

Еден од високите членови на Шкаљарскиот клан, Милиќ Миња Шаковиќ е убиен околу 23.40 часот во Будва, потврдено е за подгорички „Вијести“. Тој е ликвидиран е во кафулето Корковадо во Будва. Убиениот Шаковиќ важеше за еден од лидерите на Шкаљарскиот клан, а и претходно беше мета на напаѓачи.
– Вечерва е употребено огнено оружје во Будва, пред ѕидините на Стариот град, при што едно лице е убиено. Станува збор за М.Ш. Полицијата во соработка со надлежното обвинителство презема активности за расветлување на настанот, за чиј исход навремено јавноста ќе биде информирана, соопштија од Управата на полицијата.
Шаковиќ има полициско досие за повеќе кривични дела во Подгорица, неколку пати бил апсен за оружје, а се сомнева дека учествувал и во ликвидацијата на водачот на навивачите на Партизан, Александар Станковиќ, Сале Мутави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
,,Македонската лига е најдобра, за две години…
Рашид Содик е нигериски интернационалец, еден од…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ, средниот курс…
Денеска се празнува Свети Никифор, патријарх Цариградски
Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква…
Спасовски најавува: Набрзо група македонски државјани ќе…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во…
Бил Гејтс: Почна ерата на вештачката интелигенција
Вештачката интелигенција е едно од најважните технолошки…