Објавено на:

ЛОГА СТАВИ ПОТПИС: Жените во затворите ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите

t

Министерот за правда, Кренар Лога, ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи, информираат од Министерството за правда во писмен допис до медиумите.

Ова практично значи дека со измените, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите.

„Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“. Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…