Локалните избори во Cрбија закажани за 3 април

t

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ ги распиша локалните избори за 3 април оваа година. Во Собранието на Србија, Дачиќ го потпиша Решението за распишување избори за советници на градските собранија и општинските собранија во Србија, јави Бета.

Избори за градски собранија ќе се одржат во Белград и Бор, а за општински собранија во Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Лучани, Медвеѓа, Књажевац, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.


Дачиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ подоцна денеска ќе го распушти српскиот Парламент за да распише предвремени парламентарни избори за 3 април.

Тој најави дека изборите за претседател на Србија ќе ги распише на почетокот на март, 90 дена пред истекот на мандатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе има најмодерна заштита од град…

Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…

Хркаловиќ се враќа во домашен притвор: Детали…

Поранешниот државен секретар во МВР Дијана Хркаловиќ…

Шолц: Западен Балкан може да му верува…

Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите…

Шарл Мишел: На ЕУ и треба Западен…

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел…

Старлета и водителка земале по 200 евра…

По неколкумесечна истрага поради сомневање дека се…