Лондон тврди: Кинеска нуклеарна подморница фатена во стапица, загинале 55 морнари

Кинеска нуклеарна подморница наводно е фатена во стапица кога требало да зароби британски подводни пловила во Жолтото Море. Се стравува дека загинале 55 кинески морнари, јавуваат британски медиуми. Според британскиот извештај, морнарите загинале на 21 август бидејќи системот за кислород на подморницата не функционирал, што предизвикало труење на екипажот.
Се верува дека меѓу загинатите е капетанот на кинеската подморница и уште 21 офицер. Кина официјално негира дека инцидентот се случил.
„Разузнавањето известува дека на 21 август се случила несреќа за време на мисија во Жолтото Море. Инцидентот се случил во 8:12 часот по локално време, а загинале 55 членови на екипажот. Меѓу загинатите е и капетанот, полковник Шуе Јонпен“, се наведува во британскиот извештај, а нема друга независна потврда за наводната загуба на кинеската подморница.
< „Се верува дека смртта е предизвикана од хипоксија поради дефект на системот на подморницата. Подморницата удрила во бариерата со синџир и котва, што ја користела кинеската морнарица за заробување на американските и сојузничките подморници. Ова резултирало со дефекти на системот за кои биле потребни 6 часа за да се поправат, а пловилото е извлечено на површината“, се заклучува во извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…