Лукаревска најави нов пакет антикризни мерки: Ќе се вбризгува помош во економијата

t

Сите институции се во постојана комуникација и во наредниот период ќе се излезе со нов пакет антикризни мерки, изјави вечерва директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

– Во постојана комуникација сме. Веројатно во наредниот период ќе се излезе со новиот пакет. Ги слушаме и целните групи, треба да се направи посебна анализа за тоа која дејност е најмногу засеганата и каде ќе треба најмногу да се вбризга помош, рече Лукаревска во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според Лукаревска, намалувањето на ДДВ-то што беше една од мерките од последниот антикризен пакет, не влијаело значително во делот на прибирањето на даноците.

– Сметам дека оваа мерка помогна, но не направи соодветни потреси во делот на прибирањето на даноците. Имаме солидна наплата на даноците, рече Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикризни мерки вредни милијарди евра во Романија

За да се спротивстави на ефектите од…

Сали: Се додека секојдневно добиваме бројки од…

Се додека секојдневно добиваме бројки од 80…

Голем број на тестови, во Скопје 106…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Северна Кореја воведува локдаун!

Северна Кореја воведе блокада низ целата земја…

Николовски посети земјоделка во Свети Николе: Започнуваме…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо…