Лукашенко испрати писмо со поддршка до Додик

„Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се грижи за својата татковина и народ и ги штити националните интереси и покрај надворешните притисоци“, се вели во писмото на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, до претседателот на РС.
Лукашенко му изрази искрена благодарност на Додик за топлите и срдечни зборови што претседателот на РС му ги упатил по повод неговиот роденден.
„Многу сум задоволен што ги слушам тие зборови од човек што се грижи и за својата татковина и народ и ги штити националните интереси, без оглед на разните невидени надворешни притисоци“, рекол Лукашенко, пренесува „Срна“.
Лукашенко истакна дека целосно го дели мислењето на Додик за неопходноста од натамошен развој на билатералните односи, како и за постигнување повисоко ниво на квалитет на односите меѓу РС и Белорусија.
Белорускиот претседател ја потврди подготвеноста на Минск да помогне на сите начини.
„Со задоволство се сеќавам на нашата средба и отворен конструктивен дијалог. Задоволство ми е што повторно ќе ве угостиме, почит кон вас“, додал Лукашенко во писмото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео)Германец газда не ти дава ни потта…
Синиша Вуковиќ бил сам, газда во своето…
Земјотрес во Србија: “Се разбудив, мама го…
Денеска во 9 часот и 47 минути…
Странските дипломати најавуваат крај на политичката кариера на Мицкоски?
Во само една недела Мицкоски доби врели…
50 евра празничен бонус за пензионерите во…
Албанските пензионери ќе добијат „празничен бонус“ во…
Скопјанец приведен поради палење на автомобил
На 03.12.2023 во 03.30 часот на подрачјето…