Лукашенко: Путин ги излечи сите коронавируси во светот

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека му посочил на рускиот претседател, Владимир Путин, дека ги запрел сите коронавируси во светот.
„Вчера му реков на Путин: Слушај, добро направи – војната е војна, но ти одеднаш ги спречи сите коронавируси, сите се опоравија“, кажал Лукашенко, а пренесува РИА Новости.
Лукашенко додава дека светот сега се прераспоредува, поставувајќи прашање каква улога одиграла пандемијата во тоа.
Претседателот на Белорусија денеска изјави и дека е убеден оти Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави.
На средбата со гувернерот на Приморскиот крај, Олег Кожемјак, во Владивосток, Лукашенко рекол дека повремено имало стравувања оти Белорусија ќе биде вклучена во Русија, пренесува „Белта“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ни треба целото оружје што го имате…
На Украина ѝ недостига оружје за контраофанзива,…
(Видео) Голем број демонстранти на протестот “Србија…
Со бројни транспаренти десетици илјади граѓани на…
Лукашенко: Згрешивме што не ја нападнавме Украина…
Единствената грешка на Русија и Белорусија беше…
Шолц ги убедува Германците: Поддршката за Германија…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека…
(Видео) Детали за силното невреме со град…
Регионалниот Центар за управување со кризи во…