Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и откажани летови на скопскиот аеродром

Густата магла што ја зафати Скопската котлина во последните 24 часа предизвика значителни проблеми во авионскиот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје. Поради ниската видливост, неколку летови беа пренасочени кон други аеродроми, а дел беа целосно откажани.
Пренасочени летови:
- Летот од Анталија е пренасочен кон аеродромот во Приштина.
- Летот од Меминген е пренасочен кон Приштина.
- Летот од Баден Баден беше пренасочен кон Софија.
- Летот од Париз исто така слета во Софија.
- Летот од Рим заврши на аеродромот во Приштина.
- Летот од Малме беше пренасочен кон Приштина.
Откажани летови:
- Двата летови од Истанбул се откажани, како и летовите од Загреб и Венеција.
Покрај овие летови, дел од авионите беа принудени да се вратат на аеродромите од кои полетале, меѓу кои и летот од Варшава, кој се врати назад во Полска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…
Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…
70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…
70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…
Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата,…
Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила…