Објавено на:

Маж украл патнички авион во Италија, го пресретнал француски ловец

t

Француски ловец „Мираж 2000“ пресретнал патнички авион украден во Италија околу 10:40 часот во средата наутро.

Како што јавува Европа 1, пилотот на украдениот авион тврди дека е од словачка националност и дека за време на летот прелетал над Ница и Тулон. Поради инцидентот, привремено е затворен авиосообраќајот во тој дел на францускиот Медитеран.

Станува збор за инцидент кој ги стави во „погон“ новите француски воздухопловни сили од воената база Оранж. Пилотите на воените авиони го принудиле патничкиот авион итно да слета на пистата на аеродромот Екс-Лес Милс. Пилотот го летал украдениот авион на мала височина и без план за летање и радио врска. Човекот не пружил отпор и ги послушал наредбите на француските војници.

Пред да влезе во францускиот воздушен простор, авионот помина низ неколку зони на забранети летови – поморската база во Тулон, која е домашно пристаниште на француските подморници за нуклеарни напади и аеродромот во Ница – Азурниот брег. Затоа властите го затворија воздушниот простор над Ница на околу 30 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба на чешки пратеник: НАТО ја бомбардираше…

Европската Унија и Соединетите Американски Држави со…

Борел: Никој, никогаш, никаде не треба да…

По повод Денот на сеќавање на сите…

Некој сепак ќе легне на брашното: Конечен…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска пред пратениците во Собранието…

Скопјанец нападнал и грубо навредувал припадник на…

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна…

Тетовец уценувал млада девојка дека ќе објави…

СВР Тетово поднесе кривична пријава за Ш.С.(18)…