Македонец е еден од загинатите во експлозијата во Словенија

t

Македонски државјанин е меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Кочевје во Словенија. 

Меѓу петте загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.


Полициската управа на Љубљана, соопшти дека од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.

Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот.

Фабриката „Меламин“ е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува наменета за покривање на подови и мебел. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пахор: Се решава судбината на Западен Балкан,…

Претседателот на Словенија Борут Пахор изјави дека…

Полицијата на нозе: Напад со експлозивна направа…

Експлозивна направа е фрлена синоќа околу 23…

Словенија го одржа ветувањето за Украина: Ѝ…

Словенија ѝ подари на Украина 35 оклопни…

Словенија го сака и Западен Балкан во…

Министерка за надворешни работи на Словенија, Тања…