Македонец е еден од загинатите во експлозијата во Словенија

Македонски државјанин е меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Кочевје во Словенија.
Меѓу петте загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.
Полициската управа на Љубљана, соопшти дека од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.
Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.
Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот.
Фабриката „Меламин“ е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува наменета за покривање на подови и мебел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трагедија во Словенија: Пожарите и горештините…
Во Словенија веќе петти ден беснеат пожари,…
(Видео) Страшен пожар беснее во Словенија: Објавена…
Големите пожари на отворен простор оваа година…
Мицковски: Нашево кутро дезавуирано државиче ќе испрати…
Ивор Мицковски прашува дали Македонија ќе испрати…
Истополовите партнери во Словенија ќе може да…
Уставниот суд на Словенија денеска ги оцени…
Пахор: Се решава судбината на Западен Балкан,…
Претседателот на Словенија Борут Пахор изјави дека…