Објавено на:

Македонија, Бугарија и Црна Гора го изгубија својот суверенитет: Потпретседателот на рускиот парламент бара жесток одговор!

t

Нови реакции пристигнуваат од Русија за забраната за прелет на авионот со шефот на руската дипломатија во Србија, која денеска требаше да ја посети .

„Москва и Белград мора исклучително остро да одговорат на затворањето на воздушниот простор од страна на соседите на Србија за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, изјави потпретседателот на Горниот дом на рускиот парламент Константин Косачев.

Тој смета дека оваа одлука е удар за Русија и Србија како држави.

Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во формат не само дипломатски протести, туку и конкретни практични одговори. Ова е непочитување“, напиша пратеникот на каналот Телеграм.

Според него, одлуката на Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија да не го пропуштат авионот на рускиот министер не е независна.

„Сите три земји го загубија својот суверенитет со влезот во НАТО“, рече Косачев.

Тој додаде дека „НАТО се обидува да го окупира и потчини остатокот од Европа со директно мешање во билатералните работи на Русија и Србија“, рече тој.

„Следната фаза ќе биде проширување на Алијансата во целиот свет, каде Кина ќе стане стратешка цел број два по Русија“, додаде рускиот пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Хактан: Дали Македонија е унитарна држава?

*Објава на Фејсбук на пратеникот од Левица,…

Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да…

БИДИ ПОЛИЦАЕЦ- Огласот за прием на 600…

Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај…

Возило излетало од пат во Кичевско, повредени…

Три жени се повредени од кои една…